Top

Истанбул преку фантастични црно-бели фотографии

Истанбул (или на турски: İstanbul; низ историјата познат и како Византион, латински: BYZANTIVM; Константинопол, старогрчки: Κωνσταντινούπολις; Цариград) е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од 12.6 милиони жители. Истанбул, исто така е мегалополис, како и голем финансиски и културен центар во Турција и светот.
Градот се простира на Босфорот, на границата помеѓу заливот Златен Рог и Мраморно Море, во северозападниот дел на земјата. Истанбул е единствената метропола во светот која се наоѓа на два континента: Европа и Азија.

Во својата долга историја, Истанбул служел како главен град на Римска Империја (330-395), на Источното римско (византиско) царство (395-1204 и 1261-1453), на Латинска империја (1204-1261), и Отоманска Империја (1453-1922). Градот бил избран за Европска престолнина на културата за 2010 година. Историските области на Истанбул се вклучени во Списокот на светско културно и природно наследство на УНЕСКО во 1985 година.

Фантастичните фотографии се дел од приватната колекција на фотографот Марцин. Запознајте го Истанбул преку неговите фотографии.



Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Facebook FAN page




2 Коментари

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *