Top

Ултрамодерни канцеларии на MTV

Не, ова не е никаков хотел, ниту луксузна резиденција. Ова се новите редизајнирани канцеларии на MTV Networks во Берлин. Тие го создадеа еден од најмодерните канцелариски простори на денешницата. Со широко отворени простори, очигледно е дека тие сакале да создадат место во кое вработените ќе имаат слобода на движење.

Централниот дел од првот ниво е атриумски решено, кое всушност е една вештачки создадена ‘градина’, и е дел кадешто сите можат да се опуштат и да се одвиваат неформални состаноци.

За оние кои сакаат дополнително да се стимулираат, овде е и делот за спортски и рекреативни активности, како и куп други зони каде вработените можат да земат здив од напорните работни часови.






Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *