Top

Зградата на Музичката Академија во Мемфис

Што ќе добиете кога ќе ги споите фундаменталните принципи на архитектурата од 50-тите години на дваесеттиот век и група млади креативни луѓе со немирен дух, желба за создавање и прогресивни идеи?

Во Мемфис, зградата која некогаш претставувала седиште на локална банка, се нашла на листата на објекти за рушење, бидејќи била напуштена и прилично руинирана. Гледајќи го потенцијалот во неа, архитектонското студио “Архиманија” започнале низа активности за да и го вратат стариот сјај, но во едно ново, поинакво издание. За потребите на новата функција – Музичка Академија, потребно било да се смени целата водоводна и електрична инсталација, зафат заради кој целиот објект бил сведен на ниво на гола конструкција. И тука дошла идејата да се спои грубиот индустријализам прикажан преку бетонските меѓукатни конструкции и видливата инсталација, со мекиот впечаток на дрвото и сјаниот бел мебел, а сепак да остане простор да се вметнат акценти во јаки бои, кои преминуваат од ѕидовите, во таванот, низ мебелот и до прозорците. А резултатот од сето тоа… погледнете сами!



Автор: Вања Кочовска

Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *