
“Hermitage Plaza ќе создаде нова заедница на источната страна на La Defense, притоа пренесувајќи го начинот на живот од Централен Париз во новиот бизнис регион, со паркот и наредените кафулиња и ресторани предвидени покрај реката Сена.” – објаснуваат од компанијата “Фостер и партнери”.

При дизајнирањето на облакодерите големо внимание е посветено на самоодржливоста како концепт и можните начини на кои може да се заштеди и искористи енергијата, со што ова здание ќе биде добие на значење не само со својата грандиозност, туку и со еколошкиот аспект – минимално загадување и максимално искористени природни ресурси на енергија.

Содржината по катови на двете кули најдобро може да се согледа од прикажаната скица. Најголем дел од катовите се предвидени за домување, во една од кулите во долната зона е предвиден хотел, додека во другата во истиот висински појас има канцеларии. И во двете кули се предвидени репрезентативни влезови со големо лоби и рецепција, а неколку катови од двете кули се резервирани за спа центри, во чиј состав се неколку фитнес клубови, сауни, базени и останати wellness задоволства.
Погледајте дел од објавените 3Д прикази на официјалната веб страница на Hermitage Plaza, од ентериерот и екстериерот на идните кули близначки.












Автор: Вања Кочовска
![]()
Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!