Top

Луксузен хотел под вода во Дубаи

Deep Ocean Technology (DOT) се дизајнери на овој луксузен Water Discus Hotel кој се планира да се направи под вода. Хотелот ќе биде на 2 нивоа: едното ниво ќe биде над, а другото под водената површина. Се планира истиот да располага со базени, центри за нуркање, ресторани, барови, подводни скутери. Гостите ќе имаат можност да се восхитуваат на убавината на океанот. Големите стакла овозможуваат неверојатен поглед кон живописниот морски свет. Посебен систем за осветлување ќе биде интегриран во рамките на секоја од вкупно 21 соба, што ќе ја прави глетката уште поубава. Безбедноста на посетителите е висок приоритет на домаќините. Затоа структурата е дизајнирана да издржи големи неповолни временски услови. Во случај на опасност, подводниот диск автоматски ќе се крене на површината на водата.



Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *