Земав само долен веш,
излитени фустани,
стари чевли,
ги спакував во куферот на тагата.
излитени фустани,
стари чевли,
ги спакував во куферот на тагата.
Ќе се состанам со самотијата
во некој валкан хостел.
Ќе пијам вино од чаша
со отпечатоци од туѓа приказна.
Ќе седам во полумрак
и вдишувам миризба од сандовал,
џез ќе одекнува во позадина,
а јас ќе уживам во голотијата на мојата душа.
Телото распослано со својот немир.
Ми треба валкан секс!
Отпечатоци од прсти,
остатоци од кожа,
влажни усни,
бол од задоволство.
Те посакувам !
Ама..
Самотијата сојузник,
тело – копнеж,
љубов без покривка.
Ти таму,
јас тука.

Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на “Самотија” : Ирена Мила
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!