
Потребни ви се:
– неколку стари шољи за кафе,
– неколку купечки наједноставни свеќи,
– декоративни монистри, и
– лепило.

Шољите за кафе најпрво убаво исчистете ги. Потоа оштетените делови (доколку ги има), можете да ги покриете со неколку декоративни монистри, а доколку немате оштетени делови можете да ги залепите на некоја страна од шољата по ваш вкус. Потоа горниот дел од свеќата исечете го така што висината да биде колку половина висина на шољата, и со неколку капки стопен восок залепете го на дното. Празнината која што ќе се појави околу свеќата пополнете ја со останатиот дел од свеќата со тоа што ќе го изрендате или исецкате на ситни парчиња. Оваа постапка ја правев јас затоа што не сум нашла кај нас да се продава ситно сецкан восок во кесичка, додека во други земји се продава како таков. Доколку случајно најдете таков восок, тоа дополнително ќе ви ја олесни работата. Во секој случај, оваа постапка е многу едноставна, потребно е малку желба и инспирација за подоцна да уживате со пријателите во амбиентот кој што сами сте си го направиле.


Ви посакувам убави мигови и креирајте!

Автор: Викторија
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!