Top

Зошто е добро да пиете пиво?

Пивото е одличен пијалок кој успешно ги надокнадува водата и електролитите, па затоа се препорачува кога сакате брзо закрепнување на организмот по физички напор. После рекреативни спортови, шетање или трчање, многу од нас посегнуваат по течности со кои ќе ја надоместат изгубената вода. Во такви случаи, се советува консумирање на функционални пијалоци кои содржат минерали кои ги губиме во потта. Д-р Донатела Вербанац (биохемичарка и експерт за исхрана) потврдува дека пивото, кога се консумира во умерени количини, може исто како и водата да обезбеди и надомести поголем дел од минералите и одредени витамини кои го регенерираат и освежуваат телото после изложеноста на физички напор, особено за време на летните жештини. Најважната состојка на пивото е водата и тоа околу 92% од вкупната содржина на пиво. Но, во составот на пивото се вклучуваат и други исклучително вредни компоненти: протеини 4,3 g/l, јаглехидрати 27-30 g/l, 1,5-1,7 g/l минерали. Токму овие состојки се одговорни за чувството на освежување кое го причинува пивото. Нутритивните и физиолошките ефекти на пивото се големи. Дел од причините зошто умереното консумирање на пиво има позитивен ефект врз нашето здравје се:

* Пивото ефикасно ја гасне жедта.

* Пивото го стимулира лачењето на дигестивните сокови и го подобрува варењето на храната.

* Пивото има поволен ефект врз секрецијата на задржаните течности во телото, бидејќи делува како диуретик.

* Пивото не е причина за зголемување на телесната тежина, туку е нискокалоричен пијалок и неговото умерено консумирање се препорачува во случај на редукциска диета со намалување на исхраната.

Запомнете дека не треба да консумирате повеќе од 2-3 чашки алкохол во текот на денот (секогаш со еден оброк), и дека за жените ова количество на алкохол е преполовено.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>