Секој од нас се соочува со стрес, без разлика дали станува збор за приватниот или професионалниот живот. Но, доколку тоа трае со недели, тогаш треба да обрнете внимание на своето здравје.
Главоболки за викенд
Ако и во неработните денови чувствувате стрес и тоа влијае врз вашето расположение, тоа е индикатор за присуство на стрес. Главоболката е најсилниот симптомм, односно силните болки во пределот на фронталниот лобус или вратот.
Силни менструални болки
Жените кои се постојано под стрес се многу повеќе склони кон потешки менструални циклуси. Причината за тоа е лачењето на хормоните.
Лоши соништа
Лошите соништа се знак дека телото е под стрес, а тогаш сонот станува површен и испрекинат. Лошиот сон со себе носи тешки мисли и грижи. Затоа, спијте барем 7 – 8 часа дневно, но и задолжително избегнувајте кофеин и алкохол пред спиење.
Зголемена желба за благо
Ако имате голема потреба за чоколадо и постојано јадете, не значи дека сте во ПМС, туку веројатно станува збор за стрес.
Болки во грбот
Болки во пределот на стомакот или мачнини во желудникот се најчести симптоми кои укажуваат на постоење на хроничен стрес.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!