Top
ovosje

Трикови за здраво слабеење

Ако и вие редовно водите „борба“ со вишокот на килограми, пробајте ги следните неколку трикови кои ќе ви помогнат да ослабете здраво.

Секојдневно пешачете
Обидете се секојдневно да пешачите колку можете. Дури и малите чекори подразбираат некаков вид физичка активност, а долгорочно гледано ќе имате позитивен ефект.

Овошјето нека биде на видно место
Оние кои секогаш при рака имаат нездрава храна, генерално имаат и вишок килограми, за разлика од оние кои секогаш имаат чинија со овошје пред нив.

Кога ќе огладнете помирисајте банана
Звучи чудно, но мирисот на банана или јаболка го намалува апетитот. Научните истражувања покажале дека оние кои мирисаат банана кога ќе имаат „напад на глад“, побрзо ги отстрануваат несаканите килограми. Освен мирисот на ова овошје, помага и мирисот на ванила или нане.

Пред секој оброк испијте чаша вода
Нашиот мозок често го помешува чувството на глад и жед, па често посегнуваме по храна иако навистина сме само жедни. Затоа, научно е докажано дека чаша вода пред оброкот ќе ви помогне побрзо да се заситите и со тоа да внесете помалку калории.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>