Top

Идеална доза на кафе и секс: 3 пати на ден!

Сексот и кафето за многумина се најголемото задоволство во животот. Првото нешто на кое помислувате кога ги отвoрате очите и последно нешто што го сакате после вечерата. Па дури и во средината на денот, не би било лошо.Еве ги причините за тоа.

Сексот е добар за срцето: Ако се практикува барем 3 пати неделно, го намалува ризикот од срцев удар и шлог.

Сексот е добар за задникот: Сексот придонесува за затегнување на мускулите и помага да се изгуби некој килограм. Кога сме возбудени срцето чука 150 пати во минута, што е речиси дупло побрзо отколку кога мируваме. На тој начин, телото согорува во просек 200 калории, што е еднакво на 15 минути трчање.

Кафето е добро за срцето: Луѓето кои пијат кафе имаат помал ризик за добивање срцев удар, бидејќи кафето го штити срцето од болести (но не и од шлог). 6 шолји кафе дневно го намалуваат ризикот за добивање срцев удар за 36%, а 2-4 шолји дневно го намалуваат ризикот за добивање срцев удар за 20%.

Кафето е добро за вежбањето: Пиењето шолја кафе пред тренинг ќе ви помогне да вежбате посилно и подолго, со што согорувате повеќе калории.

Кафето е добро за енергија: Кафето без шеќер има само 2 калории, а дава многу енергија. Тоа е одличен начин да се освежи телото. Исто така, истражувањата покажуваат дека кафето позитивно влијае на расположението и ја подобрува концентрацијата.

Кафето е добро за работата: Кафето ја зајакнува функцијата и моќта на мозокот (само кај жените), ја подобрува меморијата, позитивно делува врз донесувањето одлуки и вкупните перформанси на работа.

Меѓутоа, комбинацијата кафе, секс и крвен притисок не оди заедно. Некои истражувања покажале дека кафе, во комбинација со секс, може да доведе до мозочна аневризма. Зошто? Бидеќји аневризмата е резултат на ослабени артериски ѕидови, и во најлош случај доаѓа до нивно прскање. Затоа, ако имате аневризма, избегнувајте кафе и применувајте секс.
Значи, балансот е клуч за сè! 3 пати на ден е сосема разумен број за овие 2 задоволства.

 




1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>