Top

Што да преземете против главоболка?

Најчести причини кои се поврзуваат со  главоболка се: стрес, тензија, анксиозност, алергии, анемија, констипација, претерано консумирање на кафе, замор на очите, недостаток на спиење, глад, проблеми со синусите, недостаток на витамин Б, дехидрација, хормонална нерамнотежа, алкохол, цигари, како и атмосферски загадувачи и парфеми. Мигрената е резултат на нарушување на циркулацијата во главата, а главоболката може да биде симптом на друга болест.

Што треба да знаете?
– Јадете помали оброци, но почесто, за да ги спречите осцилациите на шеќерот во крвта. Интегралните житарки обезбедуваат шеќер кој полека се ослободува во крвта.
– Јадете добро балансирана храна, која вклучува протеини.
– Дишете длабоко. Тоа овозможува внесување повеќе кислород, што е од суштинско значење за метаболизмот и добро функционирање на мозокот. Правилното дишење дава повеќе енергија и ја намалува анксиозноста.
– Чајот од камилица ги опушта мускулите и ја намалува тензијата.
– Спречување или намалување на главоболка се постигнува и со вежба. Додека вдишувате (низ нос), рацете кренете ги нагоре додека не ги донесете над главата во позиција на “V”, а потоа како што издишувате (преку нос), вратете ги рацете опуштено покрај телото.

Што да избегнувате?
Во случај на главоболка се препорачува да се избегнуваат гуми за џвакање, сладолед, премногу сол, храна која содржи мононатриум глутамат и нитрат.

Како да ја ублажите главоболката?
– Штом почувствувате главоболка, напијте се голема чаша вода, и тоа секој час сè додека болката не се намали.
– Нанесувањето ладни облоги на местото каде што болката е најсилна, ги опушта мускулите и ја намалува главоболката предизвикана од констрикција на крвните садови.
– Акупресурата помага во намалување на болката. Една минута со палците притискајте го задниот дел од главата (под черепот).
– За главоболка која е предизвикана од синусите, се препорaчува употреба на топли облоги со морска сол.


Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!




1 Коментар

  • Martina Tanevska вели:

    Најчесто дехидрацијата е причината за главоболка. Кога ве боли глава испијте што повеќе вода, пијте преку целиот ден. Обично глава боли во есенските, зимските периоди, затоа што тогаш забораваме дека на телото му се МНОГУ потребни тие 2 литри вода дненвно.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *