Top

Зошто треба да јадете овошје секој ден?

Овошјето е важен дел од здравата исхрана на луѓето. Тоа содржи ниско ниво на калории, масти, натриум и холестерол. Освен тоа, игра важна улога во одржувањето на здравјето на телото и има поголем број предности, како:

Го намалува ризикот од болести и инфекции. Тоа содржи многу витамини и хранливи материи кои може да го намалат ризикот од многу болести, вклучувајќи: мозочен удар, срцеви заволувања, дијабетес, рак на желудник и дебело црево, камен во бубрег, ронење на коски и друго.

Врши хидратација на телото. Овошјето е составено 90-95% вода. Водата е важна хранлива состојка, која е одговорна за транспорт на хранливите материи низ телото, ја регулира температурата на телото, ја одржува влажноста на зглобовите и помага да се ослободиме од отпадните материи во огранизмот.

Овозможува нормално функционирање на телото. Овошјето е богато со влакна кои се од суштинско значење за непречено движење на храната во дигестивниот систем на телото. Исто така, помага во одржување на акцијата на дебелото црево и секојдневното консумирање спречува тврда столица.

На телото му дава енергија. Сите плодови содржат јаглени хидрати кои се главен извор на енергија во телото. Јаглехидратите во овошјето, кои главно се шеќери, лесно се распаѓаат и затоа создаваат брз извор на енергија.


Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>