Top
Jadete-jabolka-i-oslabete-iLike-mk

Ослабете здраво со диета со јаболка

Јаболката е овошје чии корисни и здрави својства често ги потценуваме или забораваме. Освен што ги штитат забите, јаболката ги топат и масните наслаги. Ако сакате да изгубите некој килограм, пробајте ја оваа диета која содржи здрави и вкусни намирници. За да биде добра за вашето тело, диетата треба да вклучува разноврсна исхрана која на организмот ќе му ги пружи сите потребни состојки. Диетата со јаболка е наменета за оние луѓе кои на здрав начин сакаат да се решат од насобраните килограми. Се состои од 5 оброци пред кои задолжително треба да изедете јаболка. Ова дневно мени содржи малку јаглехидрати, а доволно протеини кои докажано го намалуваат апетитот.

Прeпорачани намирници: овошје, сирење, јогурт, јајца, пилешко месо, телешко место, риба, интегрален ориз, овесни снегулки, брокула, морков, блитва, спанаќ, свежа зелена салата и домати.
Намирници кои треба да ги избегнувате: слатки. Доколку почувствувате силна потреба за благо, изедете еден ред темно чоколадо.

Пример за дневно мени
Појадок: јаболка (пред оброкот), омлет и овесни снегулки со млеко
Меѓуоброк: јаболка (пред оброкот), свежо сирење или јогурт со мала масленост
Ручек: јаболка, 2 парчиња печено месо, варена брокула, варен интегрален ориз
Меѓуоброк: јаболка и друго овошје
Вечера: јаболка, лосос или друга риба на скара и зеленчукова салата




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *