Top
podolg_zivoten_vek

Луѓето што јадат помалку, живеат подолго

Резултатите од најновите истражувања покажуваат дека намаленото внесување калории во организмот значително го подолжува животниот век.

Научниците од американскиот Универзитет Јејл се надеваат дека ќе успеат да развијат лек што ќе има исто дејство, но без потреба од одрекнување од храната. Истражувањето спроведено врз винските мушички, кои имаат гени слични на оние кај цицачите, покажало дека клучот за долговечност би можел да биде во ензимот познат под името Рпд3 хистонска деацетилаза. Истражувањето покажало дека мушичките со генетски мутации, поради кои имале помало ниво на споменатиот ензим, живеат 33-50% подолго од нормалните. Со исхраната која содржи помалку калории животот може да се продолжи за околу 41%, тврдат научниците. Оваа исхрана има и други позитивни страни. Претходните истражувања покажале дека лицата што во својот организам внесуваат помалку калории имаат подобро помнење и подобар мускулен тонус, кај нив поретко се развиваат канцерогени промени имаат помалку срцеви проблеми, а на таквите лица подоцна им побелува и косата.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *