Top
Happy woman jumping near rainbow

Како да го зголемите нивото на допамин

Допаминот е еден од најважните хормони кој е одговорен за нашето добро расположение. Кога нивото на допамин е ниско, чувствуваме тага и стрес.

За среќа, постојат сосема природни начини да се подигне нивото на допамин во телото. Докажано е дека делуваат, а можете да ги применувате секогаш.

Вежбање
Секоја физичка активност го поттикнува ослободувањето на ендорфини, допамин и серотонин (хормони на среќа). Редовното вежбање може да ви помогне да се ослободите од стрес, фрустрација и хроничен замор, само ова мора да биде активност во која што навистина уживате.

Детоксикација
Акумулираните бактерии и токсини во телото го ослабуваат имунитетот и го намалуваат производството на допамин. Обидете се да го чистите редовно вашето тело, бидејќи на тој начин ќе бидете поздрави и ќе се чувствувате многу подобро.

Избегнувајте пороци
Шопинг, цигари, кафе, алкохол и дрога прават да се чувствуваме добро, но ефектот е многу краток. Овие навики по некое време може да ви донесат сериозни проблеми, па затоа наместо во нив, уживајте во некои други мали нешта.

Слушајте музика
Еден од наједноставните начини веднаш да се чувствувате подобро и вашето тело да почне да произведува добри хормони е да ја слушате вашата омилена музика. Само неколку минути слушање на вашите омилени композиции враќа добро расположение и оптимизам.

Гледајте се почесто со пријателите
Еден од најлесните начини да го подигнете нивото на допамин е почесто да се дружите со пријателите и со семејството. Дури и ако по природа сте интроверт, состанокот и разговорот со драгите личности ќе направат голема разлика.

Бидете креативни
Креативните активности значително го зголемуваат нивото на допамин во мозокот. Тоа не значи дека треба да стане светски познат сликар – обидете се да направите некоја декорација, згответе нешто, сменете го распоредот на мебелот во станот… Од сето тоа ќе се чувствувате прекрасно!

Зголемете го тирозинот
Тирозин е една од најважните хемиски супстанци во човечкото тело, што служи за синтеза на допаминот. За да го подигнете нивото на тирозин, јадете храна богата со оваа супстанца, и на тој начин ќе се ослободите од стресот и ќе бидете многу порасположени. Одличен извор на тирозин се бадеми, авокадо, банани, лубеница, зелен чај и црно чоколадо.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>