Top
Kafe-i-voda

Зошто да се напиете чаша вода после кафето?

Шолја топло кафе е првиот утрински избор за многу од нас. Поради високата содржина на кофеин, овој напиток ја зголемува ефикасноста и концентрацијата и помага подобро да се фокусирате на задачите. Но, кафето има и несакани ефекти: го дехидрира организмот, предизвикува дамки на забната глеѓ, а може да предизвика и нагло покачување на крвниот притисок.

За да се заштитите од овие непријатни последици, доволно е да испиете чаша вода по кафето.

Кафе и вода
Традицијата на пиење кафе со ладна вода потекнува од земјите на Истокот, каде што постои со векови. Луѓето од дамнешни времиња пиеле вода, пред сè, за подобро да го почувствуваат вкусот на кафето: ако по секоја голтка од напивката се „прочистат“ рецепторите со вода, таа ќе добие поизразен вкус. Но секој нутриционист ќе ве советува да пиете вода со кафе од сосема други причини.

Кофеинот има силен диуретички ефект, што во голема мера го дехидрира телото. Дехидратацијата може да доведе до многу непријатни последици, па потребно е многу внимателно да се следи нивото на течност во телото. Ако испиете чаша вода веднаш по кафето, ќе ја вратите водата во рамнотежа и ќе го намалите ризикот од дехидратација. Оваа чаша не би требало да биде дел од вашата дневна количина на течности. Односно, ако пиете две литри вода дневно, тогаш за секоја шолја кафе треба да додадете уште една чаша.

Кафето е богато со растителни бои кои можат да ја променат бојата на забната глеѓ, особено со честа консумација. Тука може да помогне водата. Кога ги измивате остатоците од кафето со вода, ќе ја спречите реакцијата од интеракцијата помеѓу киселината од кафето и забната глеѓ.

Истовремено, не би требало да ги миете забите веднаш по кафето – тоа може да биде штетно за здравјето на забите.

Покрај тоа, кофеинот може драматично да го покачи крвниот притисок, што е непријатно, а за луѓето што страдаат од хипертензија може да биде дури и опасно.

Водата го разредува кафето, поради што се намалува оптоварувањето на срцето и крвните садови, а ризикот од драматичен скок на притисокот се сведува на минимум.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>