Top

Совршен изглед без шминка

Наместо да посегнувате по шминка за да ги покриете недостатоците на своето лице, негувајте ја својата кожа. Прочитајте ги следниве совети кои ќе ве поучат како да ја задржите вашата кожа здрава и убава и како да постигнете совршен природен изглед без шминка.



СОН
Спиењето е клучен фактор за убава кожа. 6-8 часа сон се потребни за нормално фунцкионирање на телото, но и за здрава и убава кожа. На неспиено лице се појавуваат подочници, брчки и потеченост, а тоа тешко се покрива со коректор и пудра.

ЧИСТЕЊЕ
На лицето му е потребно темелно чистење два пати дневно. Изберете козметички препарат за чистење лице во зависност од видот на вашата кожа. И најважно, никогаш не легнувајте да спиете со шминка на лицето.

УРЕДНИ ВЕЃИ
Веѓите моментално го менуваат изгледот на целото лице. Пронајдете ја формата која најмногу ви прилега и одржувајте ја редовно истата.

ХИДРАТАЦИЈА НА КОЖАТА
Во текот на летото, не заборавајте преку ден да нанесете крема за сончање со заштитен фактор. Кога ќе ја завршите изложеноста на сонце, исчистете го лицето и нанесете хидратантна крема.

ИСХРАНА
Правилната исхрана е важна и за здравјето и за убавината. Во секојдевното мени додадете повеќе овошје и зеленчук, бидејќи тие ја прават кожата посветла и помека.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>