Top
nega na koza

Со правилна исхрана до убава кожа

Кожата на лицето е многу нежна и чувствителна и на неа се покажуваат нашите прехранбени навики и начинот на исхрана. Постојат неколку намирници кои помагаат при одржувањето здрав тен.

  • Ако на кожата на вашето лице забележите нееднаквост, тогаш треба да ја зголемите консумацијата на риба и зеленчук. Зелениот зеленчук како марулата, блитвата и спанаќот, како и лососот прават вистински чуда за вашата кожа. Рибата е богата со омега-3 масни киселини, а зеленчукот со витамините А и Ц, па токму овие хранливи материи се заслужни за чистиот и изедначен тен ослободен од борбата со акните и мозолчињата.
  • Ако сакате вашата кожа да биде хидратизирана, тогаш заменете го утринското кафе со чај. Најсоодветен би бил зелениот чај со неколку капки лимон, без шеќерни додатоци. Тој изобилува со антиоксидансот полифенол, а поради него не само што ќе ја држите кожата хидратизирана туку и ќе ја задоволите потребата од кофеин во организмот.
  • Меката кожа ослободена од неправилни линии може да ја заштитите со консумацијата на разно овошје и зеленчук. Јагодите, портокалите, пиперките, брокулата и кивите се само некои од намирниците кои имаат благотворно дејство на кожата. Тие обилуваат со витаминот Ц кој е важен за производството на колаген, кој, пак помага во затегнувањето на кожата.



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>