Top

5 основни производи за младешка кожа (Прв дел)

Природната убавина започнува одвнатре

Според Anne Marie Fine, NMD, натуропатски лекар, истражувач кој има освоено повеќе награди, автор и популарен говорник низ цел САД, просечната жена троши стотици долари во потрага по чудотворни производи за нега на кожата кои ќе ја подобрат убавината која вродено ја поседува. Се разбира, природната убавина започнува одвнатре, со изобилство на спиење, вода и правилна исхрана. Но, за среќа, додавајќи поедноставена рутина за разубавување во која се влучени природни производи ќе резултира со вистински убава кожа, без иритирачки синтетски хемикалии. Да ги погледнеме овие суштински производи и зошто тие функционираат.

Чистење

Важно е да го чистите вашето лице двапати дневно, еднаш наутро и еднаш во текот на ноќта пред спиење. Вашата кожа е екскреторен орган и со чистењето вие не само што ја отстранувате нечистотијата, бактериите и вишокот на масти, туку исто така, ги отстранувате клеточните отрови, кои вашата кожа ги елиминира. Ова ја подобрува способноста на кожата да ги апсорбира другите производи кои ги користите.

• Ако имате сува кожа: побарајте крем или масло за чистење кое функционира без понатамошно отстранување на природната маснотија од вашата кожа.
• Ако имате мрсна кожа: барајте гел или пена за чистење која помага да се впие вишокот на маснотија.

Автор: Д-р. Дарко Стојановски




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>