Top
nega_kamilica

Ослободете се од лузните од акни

Денес ви претставуваме најефикасни начини, кои со упорност и дисциплина, му го враќаат здравиот изглед на лицето. Потешки случаи на акни често оставаат лузни на кожата. Лузните на лицето многу е тешко потполно да се отстранат, но сепак постојат третмани кои можат видливо да ги намалат.

Микродермоабразија
Овој третман се препорачува на сите кои имаат лузни на лицето. Тој делува како пилинг и помага да се отстранат мртвите ќелии од лицето. Може да набавите и малку погруб пилинг и со него да ја третирате кожата два пати неделно, но никако не претерувајте.

Сок од лимон
Неколку пати неделно на лицето нанесете тазе сок од лимон, оставете го да делува, по 15 минути измијте го лицето. Лимонот помага за отстранување на мaснотијата од кожата.

Кокосово масло
Кокосовото масло е познато како лек за многу заболувања па така и за лузни. Можете да го нанесувате навечер, како крема.

Масла за отстранување на лузни
Во аптека можете да најдете многу масла за отстранување и намалување на лузни. Тие даваат одлични резултати и значително ги намалуваат лузните. Предупредување – никогаш не ги купувајте на своја рака. Ако маслото не е наменето за нанесување на лице, не го ни купувајте.

Чај од камилица
Конзумирајте многу чај од камилица! Тоа е стар природен лек за отстранување на акни и убава кожа!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>