Едно момче ја прашало својата мајка: „Мамо, зошто плачеш?“
„Затоа што сум жена.“ – му одговорила таа.
„Не разбирам.“ – рекло момчето.
Мајката само го прегрнала и кажала: „Никогаш и нема да разбереш.“
Подоцна го прашало својот татко: „Зошто мама плаче без причина?“
„Сите жени плачат без причина!“ – било единственото што таткото можел да му каже.
Момчето пораснало, станало маж и сеуште се прашувало зошто жените плачат. На крај го повикало Бог.
Кога го добил, го прашал: „Боже, зошто жените толку лесно се расплакуваат?“
Бог му одговорил: „Кога ја создавав жената мораше да биде посебна.
Ѝ дадов раменици, доволно јаки за да ја носат сета тежина на овој свет, а сепак доволно нежна да може да пружа утеха.
Ѝ дадов внатрешна сила, да го поднесе раѓањето и одбивањето кое често пати го добива од своите деца.
Ѝ дадов цврстина која и овозможува да оди напред кога сите ќе се откажат, и да се грижи за своето семејство во период на болести и неволји без приговор.
Ѝ дадов чувствителност за да ги сака своите деца без оглед на сè, дури и ако нејзиното дете многу ја повредило.
Ѝ дадов сила да го носи својот маж низ неговите грешки и ја сочинив од неговото ребро за да го штити неговото срце.
Ѝ дадов мудрост за да знае дека добриот маж никогаш не би ја повредил својата жена, ама дека повремено ја тестира нејзината сила и одлучност постојано да биде покрај него.
И најпосле, и дадов солзи за да се исплаче.
Тие се само нејзини и ги користи кога и да и затребаат.
Гледаш сине мој, убавината не е во облеката која ја носи, во нејзиното тело, или во начинот на кој се чешла.
Убавината на жената мора да се види во нејзините очи, бидејќи тоа е влезот во нејзиното срце – место каде што живее љубовта.“

Автор: Даниела Силева
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
OMG <3
Stvarno? I ti slusna so kazal Bog? 🙂
Deka se glupi
Mnogu ubavo i mnogu mudro, kako sto samo Gospod Bog moze da kaze