Top

Зар некој сака да биде сам?

Во последно време енормно се зголемува бројот на луѓе кои живеат сами. Сето тоа всушност претставува последица на одредена општествена реалност, како и прилагодување, бидејќи повеќето луѓе попрво би избрале да останат сами отколку да направат компромис. Факт е дека веројатно никој не сака да живее сам. Додека сме млади го сакаме токму тоа, да бидеме сами. Но, како што созреваме, така сè помалку се стремиме кон истото. Понекогаш на сите ни одговара тој начин на живот, но понекогаш кога ќе се свртите и ќе го погледнете вашиот стан празен, сигурно нема да се почувствувате убаво.

Сè повеќе парови кои стапиле во брак до раните триесетти и станале родители најдоцна до својата четириесетта, се одлучуваат за развод. Остануваат сами, се борат за старателство на своите деца. Потоа, годините поминуваат, децата растат, а тие можеби имаат некоја врска, но ретко кој од нив повторно се согласува на заеднички живот после првиот брак. Како поминува времето, можностите за запознавање на квалитетни партнери се намалуваат. Во поодминати години луѓето стануваат поселективни. Децата можеби ќе заминат на студии, а нивните родители повторно остануваат сами. Таквиот начин на живот не им дава волја за ништо, стануваат мрзеливи за организирање средби со своите пријатели, за посети на социјални настани. Повеќе не се грижат за ништо. И што е најважно, никој од тие луѓе кои остануваат сами нема да признаат дека им недостига допир од другиот пол, нечија поддршка и чувство на сигурност. Дури откако чувството на осаменост ќе ги погоди силно, ќе почнат да се преиспитуваат: што ќе правам сам/а во толкав кревет, како се доведов себеси во ваква позиција, зошто сите кои ги познавам се парови, дали некогаш повторно ќе најдам јас за себе?

Луѓето кои во своите триесетти и четириесетти години немаат партнер се плашат дека сепак ќе завршат сами. И покрај своите приватни и професионални достигнувања, тие не се чувствуваат исполнето. Најголемиот дел од луѓето растат со верувањето дека еден ден и самите тие ќе бидат дел од еден пар. Сите култури ја промовираат таа романтична слика. Кој не би сакал да има некој со кого ќе се разбуди, некој со кого ќе ги сподели своите достигнувања, некој кој ќе го прегрне кога му е најтешко, некој кој ќе го држи за рака кога се плаши. Само мал дел од луѓето фантазираат за живот во кој ќе се гледаат само себеси. Далеку од тоа дека луѓето не можат да бидат среќни и кога се сами, но сепак, човекот е општествено битие кое сака да има некој во својот живот. Но, проблемот е во тоа што и покрај тоа што ја имаат оваа желба, сепак не се подготвени на компромис со цел полесно да пронајдат некој со кој ќе го споделат својот живот. Сакаат да имаат некого, но не сакаат да жртвуваат ништо. Луѓето станаа себични, а тоа мора да се смени!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>