Top

Вкусот на предавството

Дали зборот “предавство” претставува човечка работа? Или спаѓа во оние животинските? Дали се работи за инстинкт, за казна или скриена желба? Дали може да биде прочитано во очите или го пишува на челото? Дали луѓето се свесни дека те повредиле дури и кога мислат дека не го знаеш тоа? Предавничкото чувство се намирисува, едноставно го имаш, го носиш, го гледаш. Никој не може да ти го докаже спротивното. Понекогаш тоа е толку цврсто, што неизбежно прераснува во опсесија.

Постојат различни видови на предавство, од различни типови на луѓе. Скоро сум сигурна дека секое од нив ми го имаат направено. Откако ќе бидеш искористен повеќе пати, после тешко е да веруваш на некого и веќе не можеш да бидеш сигурен дека не си предаден дури ни во моментот кога ти е најубаво.

Лично, не очекував дека ќе ме предадат најблиски луѓе, но уште помалку очекував дека на истите ќе им се заблагодарам, зошто тие ме научиа на најважните лекции во животот. Никогаш не верувај безусловно! Потребно е долго време за да изградиш цврста скала на доверба, а потребни се само секунди истата да биде расштимана и од неа да паднеш. И што после? Да глумиш полицаец, да испрашуваш, да те гонат налудничави мисли, да станеш параноик? Ништо од тоа нема да ти помогне. Можеш само да одлучиш да веруваш, но секогаш со доза на претпазливост и брзоплета спремност.

Јас одамна ја изгубив довербата во човештвото. Од моментот кога луѓето почнаа да си ги погазуваат сопствените зборови, од истиот оној момент кога некои се навраќаа безброј пати таму каде што некогаш застанале со причина. Некои како мене. Да беше животов филм, луѓето ќе беа лекомислени. Ќе веруваа во сè и сешто, ќе се појавуваа баш таму каде што ти требаат, ќе се враќаа баш тогаш кога ќе сакаш, ќе ти ги читаа мислите… но, не е. Воопшто не е!


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Вкусот на предавството“: Наташа Петровиќ

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *