Некој неодамна ме праша зошто често пишувам тажни приказни. Ми предложи да пишувам весели и убави. Една позната пејачка, моја омилена и по творењето и по духот, која си ги пишува текстовите за сопствените песни, вели: „Кога сум среќна и кога животот ми е исполнет со пеперутки во пролет, сум бескорисна“. Не дека јас во поголемиот дел од времето сум тажна, баш напротив, но за да можам да се изразам на најубав начин, морам постојано да бидам инспирирана од нешто кое навистина ќе те допре и ќе те натера да размислиш.
На никому од нас животот не му е лесен, тоа сите си го знаеме и нема потреба никој да го кажува. Впрочем, ништо од ова не би било толку интересно на крајот, доколку ги нема лошите моменти, кои за жал се неизбежни како и да вртиш, како и да сучиш. Јас сум си најголем сведок на мојот досегашен пат, си ги претплатив сите убавини и сите препреки и тоа не е она што ме загрижува. Јас никогаш не се откажав, колку и да беше тешко, колку и да беше напорно, туркав напред бидејќи секогаш се надевав на нешто подобро. И мило ми е што е тоа така. Бидејќи без сè што поминав, не би била тоа јас, би бил сосема некој друг… човек кој можеби многу подобро би се справил со животните тапи удари, но на сметка на моето досегашно стекнато искуство.
Зборот ми беше дека во ниеден момент, дури и во моите најдолни моменти, не почувствував потреба да помислам како би било мене да ме нема. Никогаш немало потреба од такво нешто, а бидејќи доволно се познавам себеси, нема ни да има! Зошто? Бидејќи не сум себична и бидејќи не би било фер да уништам личност која сум ја градела низ годините, каква таква, сум се борела да станам она што сум.
Познавам многу луѓе, за жал, кои не размислувале како мене. Кога ќе размислиш и тоа е еден вид на избор, иако според мене, многу погрешен. Еден од најболните кои ме засегаа лично, беше изборот на едно младо 16 годишно момче, кое лично го познавав и практично го гледав како израсна. Не сакам да навлегувам во неговата приказна, бидејќи би било многу болно, но само повторно ќе го повторам истиот збор кој вечерта кога дознав го кажав стотици пати: „Зошто?!“
Да, сакам да знам причина и сакам ова да биде сфатено како предупредување. Никогаш во животот не бидете кукавици!!! За што и да се работи. Се ова е многу кратко, па не правете да биде уште пократко. Знам дека е многу клише онаа фраза „После дождот, доаѓа сонце…“, но е многу вистинита. Знаете ли што излегува откако на така тмурно време после дождот ќе изгрее сонце? Вашиот живот! Тој нема секогаш да биде во различни бои и нијанси. И нема секогаш да биде убав и да биде постелен од рози, но имајте во предвид дека не сте сами додека босоного ги газите проклетите трња! Виножитото на животот е подарокот за нашиот непрооден пат и притоа извојуваната победа.

Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на “Виножитото на животото“: Наташа Петровиќ
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
redovno gi sledam vashite tekstovi i stvarno mnogu mi se dopagaat…e sega i jas pishuvam slicni vakvi tekstovi, pa ako ste zainteresirani moze da vi pratam ili da napisham neshto :))