Top

Дали постои сродна душа?

Според психологот Кирил Џин, верувањето во сродна душа е губење време, а освен тоа може да ви попречи во пронаоѓањето на долгорочен партнер. Холивудските филмови и книги се базираат на фактот дека секој има сродна душа, но психолозите велат дека тоа е чиста глупост.
Верувањето во сродната душа доаѓа од митологијата, дека некаде во светот постои вашата „друга половина“, која Бог ја дарил само за вас.



Според д-р Кирил, целиот мит за сродната душа е комплетно неточен, исто како и верувањето за џуџиња и Дедо Мраз. Верувањето во постоење на сродна душа може да ве спречува да пронајдете долгорочен партнер, затоа што на секој од нив ќе му наоѓате мани и ќе ја пропуштиле шансата да бидете среќни со некој од нив.
Во светот не постои совршен човек. Важно е да најдете некој со кој ќе можете да останете подолго време. Жените често фантазираат за совршен маж, и многу често остануваат сами. Навистина е тажно да останете сами засекогаш, само поради тоа што не сте го нашле оној вистинскиот.
Ситуацијата станува опасна ако не му дадете шанса некому поради неговата финаниска состојба, физички карактеристики, етничка припадност или поради некои негови иритирачки карактеристики.
Кога сте во потрага во вистинската личност за вас, не заборавајте да обрнете внимание како тој партнер се однесува кон вашето семејство и вашите пријатели. Обрнете внимание и на тоа дали би бил со вас и во најтешки моменти, дали претерано троши или штеди. Обрнете внимание и на семејството на таа личност и како се однесува кон нив, бидејќи во иднина исто така би се однесувал и со вас.

За крај, запомнете:
Никогаш не отфрлајте некого после првиот состанок – дајте му шанса.
Ако сакате посериозна врска, прво запознајте го партнерот, па потоа имајте сексуални односи.
Гледајте се и со луѓе кои не се ваш тип – може пријатно да се изненадите.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *