Според резултатите излезени од последните истражувања, во врска со заработката од различни професии, нема некои поголеми промени во однос на половата дистинкција. Со тоа одговорот на прашањето дали жените се уште заработуваат помалку од мажите, одговорот е ист. -Да.
Сепак, податоците варираат и во однос на возраста. Така, жените на возраст од 35-44 години заработуваат околу 73.6 % од заработувачката на нивните машки колеги, додека жените од 20-24 години 92.9%. Тоа можеби се должи на фактот што жените се поприсутни во помалу платените области, како што се здравството и образованието (62%), наспроти профитабилните професии, како што се инженерство и компјутерска технологија(9%).
И покрај ‘лошиве’ вести, сепак за дамите имаме листа на некои професии, во кои тие сепак се поплатени од своите машки колеги.
1. Техничари во областа на науката

Просечна неделна заработка: Мажи – 723$ / Жени – 740 $
2. Пекари

Просечна неделна заработка: Мажи – 448$ / Жени – 466 $
3. Учители во градинка

Просечна неделна заработка: Мажи – 612$ / Жени – 614$
4. Нутриционисти

Просечна неделна заработка: Мажи – 759$ / Жени – 770 $
5. Асистенти во образование

Просечна неделна заработка: Мажи – 454$ / Жени – 474$
6. Козметичари

Просечна неделна заработка: Мажи – 422$ / Жени – 434 $
6. Келнери, шанкери и слично

Просечна неделна заработка: Мажи – 360$ / Жени – 400 $
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!