Top
srekjen_zivot

Правило за хармонија и среќа во животот

Дали сте слушнале за Паретов закон? Истиот може да ви помогне за да го подобрите квалитетот на вашиот живот. Како што пишува Your Tango, овој закон се заснова на принципот 80/20, што значи 80% од посакуваниот резултат се постигнува со 20% од потрошеното време.

Поедноставно кажано, ако 20% од вкупното време секој ден, го правите она што го сакате, тоа ќе ви донесе 80% од вкупната среќа. Токму со користење на овој принцип можете да подобрите некои аспекти од животот на кои сакате да поработите.

Ако сакате да изгубите неколку килограми, 20% од вкупното време во денот, потрошете го на вежбање и подготвка на здрави оброци. Правејќи го тоа секојдневно, ќе постигнете 80% од посакуваниот резултат многу побрзо отколку што очекувате. Исто е и со вашиот љубовен живот. Ако сметате дека вие и вашиот партнер не поминувате доволно време заедно, обидете се 20% од денот да гo искористите за осмислување на следните патувања, разговарајќи со него и планирајќи ги идните заеднички авантури. Ќе бидете 80% позадоволни од вашата врска и посреќни отколку што некогаш сте замислувале.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>