Top
Zhena-koja-chisti-iLike-mk

Искрено писмо од една вредна домаќинка до сите жени во светот: „Чистете само онолку колку што морате бидејќи животот е еден и нема реприза!“

Велат дека сопственото искуство и грешки се најдобар животен учител. Но, пак од сруга страна, мудри се оние кои можат да поднаучат нешто од туѓите примери.

Па така, една домаќинка и поетеса, Роуз Милиган, срочила писмо во кое праќа порака до секоја жена во светот:

Драга мои дами,

Запомнете дека прашината го штити дрвото кое се наоѓа под неа. Куќата станува дом само кога на мебелот можете да напишете „ТЕ САКАМ“ со големи букви.

Знаев секој викенд да поминам по цели 8 часа чистејќи, затоа што сакав сè да биде совршено, во случај да дојдат ненајавени гости.

Конечно еден ден сфатив дека никој нема да дојде. Сите тие луѓе беа некаде надвор – живееа и се забавуваа.

Денес, кога луѓето ме посетуваат не морам да им ја објаснам чистотата на домот, сите се заинтересирани за работите кои ги правев, како живеам и како се забавувам.

Ако уште не го сфативте ова, ве молам да го послушате мојот совет: Животот е краток. Уживајте! Чистете само онолку колку што морате.

Зарем не би било подобро да нацртате слика или напишете писмо, да испечете колачиња или да засадите цвеќе во дворот?

Научете ја суштинската разлика помеѓу САКАМ и МОРАМ!

Чистете колку што морате. Но, знајте, немате премногу време! Наместо тоа можете да ги препливате реките кои ги сакате, да се искачите на планините на кои сакате, да ја слушате омилената музика, да ги задржите пријателите кои ги сакате и да живеете живот за каков отсекогаш сте сонувале.

Чистете колку што морате, но сфатете дека животот е таму надвор, со сонцето во вашите очи, со ветерот во вашата коса, со снегулките на вашето лице, со дождот… Овој ден нема никогаш да се повтори!

Чистете колку што морате, но имајте на ум – староста ќе дојде и таа не е воопшто љубезна.

А, кога ќе умрете… Вие самите ќе направите уште поголема прашина…




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>