Не сакаше ниту да си спомнува дека чувстува како телото му станува толку тешко и дека во него повеќе не останала ни трошка волја, тежината толку го притискаше што понекогаш си мислеше дека нема да ја преживее.
Не помнеше кога последен пат му беше запрел здивот од возбуда ниту кога градите му биле исполнети од срцебиење. На моменти сакаше да може да викне од врвот на планината отспротива или да ја извади главата од прозорецот на автомобилот во движење. Најтешко беше навечер, иако воздухот беше полесен за дишење и носеше свежина протната меѓу гранките на дрвјата во дворот, погледот од нив единствено му стигаше до месечината, а таа проклето го потсеќаше на сето она од кое со денови бегаше. Одамна немаше повод да создава фотографии, не му беше важно кому ќе ги покаже. Веќе немаше кој да го разгалува, ниту да му вели: те сакам до крајот на светот и за тоа не должиш ништо.
Минатото му изгледаше како сон кој случајно залутал и кој нема никогаш да се повтори, се прекоруваше себеси кога понекогаш му недостигаше, но исто така знаеше дека, сето тоа можеше повторно да го има, но стравот дека тие соништа не ги заслужува беше поголем. Сакаше да ужива во сопствената создадена несреќа, во овој момент му се чинеше дека единственото што умее да го направи сам е токму она вистинското, а тоа не беше воопшто ниту многу, ниту го правеше среќен. Не сакаше да си признае дека сепак знаеше дека еден ден гласно ќе каже дека згрешил.

Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на “Неговото секојдневие“: Агнес Лима
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!