Top
nasmevki

Насмевката е најубавата „зараза“

Насмевката е еден од најстарите облици на изразување и комуницирање и претставува нешто прекрасно.

Паровите кои се смеат заедно – остануваат заедно!
Оваа стара изрека е чиста вистина. Американските психолози преку серија на истражувања откриле дека паровите кои имаат смисла за хумор и често се смеаат најчесто стареат заедно.

Смеата не може да се контролира!
Ако видите други луѓе да се смеат, ќе се насмевнете и вие. Она што е најдобро кај насмевката е тоа што таа е заразна!

Смеењето согорува калории!
Според истражувањето на Универзитетот Вандербит за време на десет минути гласно смеење согорувате 50 калории.

Насмевките го подобруваат нашето здравје
Насмевките и смеењето позитивно влијаат врз нашиот имун систен, работата на срцето и мозокот, ослободуваат од стрес и ја подобруваат психо-физичката состојба на целиот организам.

Смејте се што почесто! Убаво е, бесплатно е!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>