Top

Мебел

Се чувствував како дел од мебелот, како празно столче на сред соба, оставено само да зјае и немо да сведочи за нередот во кој се наоѓа. Околу мене се беше расфрлано, моите идеи, моите сништа, моите мечти, моето јас беше сокриено во некоја фиока, а врз него мал милион листови покриени за да неможам никогаш да го најдам.
Зависта и љубомората на другите полека ме совладуваше и не ми даваше да дишам. Се криев од туѓите погледи, бегав од туѓите зборови, молчев, а во себе чував сила да рикнам и цел свет да ме чуе, но незнам зошто ама бев немоќен. Како некој да ми го украл гласот и не ми дозволува да побарам помош. Бев како безгласна согласка која ретко некој ја изговара. Ми требаше мир, ми требаше време ми требаше простор, ми требаше спокојство и решив да го најдам. Здогледав четка, ја земав, и веднаш почувствував поврзаност со неа која ми велеше ова е моментот да се изразам себеси, да ја отворам сопствената Пандорина кутија. Ја пуштив раката слободно да се движи низ платното и да ја наслика мојата душа. Да ги наслика сите мои солзи, и радосни и тажни, сите мои победи и порази, сите мои врвови и падови, сето она што ме одразуваше мене, што ја градеше мојата личност.. она што бев јас!
И цртав и цртав, не ни почувствував кога почнав ни кога завршив, Но она што го видов ме изненади. Очекував темни бои, некакви нијанси, очекував некакви нејасни облици, нешто бесмислено кое ќе има значење, а што добив? Добив едно големо, жолто, со милион зраци СОНЦЕ!
Не ми беше јасно зошто е тоа така? Зошто мојата душа нацрта сонце кога моите очи гледаат темнина?
Затоа што ти се Затворени!!!

Сонцето е секогаш тука да те разведри, да ги впие сите негативни зраци што му ги праќаш и да ти прати уште повеќе светлина, да ти покаже дека колку и да е облачно, тажно и невесело сепак тоа е виновно за светлината на земјата. Можеби е затскриено зад некое ќоше, зад некоја голема планина, но сепак е тука да те огрее и насмее.

Не мора да си присутен за да бидеш сакан, не мора да зборуваш за да бидеш чуен, не мора да бидеш научник за да размислуваш, не мора да плачеш за да бидеш тажен, не мора да си насмеан за да бидеш среќен, доволно е очите да ти заблескаат за да си го осветлиш патот кон успехот!

Нацртај го своето Сонце и нека твоите очи заблескаат осветлувајќи ти го патот кон успехот.. Верувај во себе и ќе успееш!!!


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Мебел“: Анџело Лазаревски

Facebook FAN page




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *