Не случајно уште од времето на Шекспир останала изреката: “Да се биде или не тоа е прашањето сега”. И јас бев Шекспир во некое мое време, убаво време, а сега повеќе наликувам на оние филозофите што никој не ги разбира, а и тие самите не се разбираат понекогаш. А сега ќе филозофирам и знам дека повеќето ќе се откажат уште на половина и ќе си помислат дека никогаш повеќе не би прочитале ниту еден збор што доаѓа од некаде длабоко во мене. Сонцето ја милува мојата кожа и едвај чекам грубо да ја извадам крпата од чантата што веќе длабоко оставила траги на моето рамо, и целосно да му се предадам на песокот. Го чувствувам секое камче, чуството е помалку непријатно но ми создава зависност, и сакам уште и уште… А сонцето, тоа знае најубаво, да милува, да ја бакнува мојата кожа и да остава траги на неа, да го бакнува моето лице со траги од шминка, да ја бакнува мојата исушена уста. Премногу време за размислување имам вака испружена, размислувам за најголемата лага во мојот живот и тоа ми создава немир, тоа ми го враќа грдото чуство во стомакот. А потоа прекинувам се, езерото прекинува се. И покрај нечистотиите во него те повикува со толку нежен глас, и не можеш да одбиеш, спремен си да се предадеш целосно и да прејдеш преку студенилото, и преку болката, камењата, а најмногу преку зелениот тепих послан некаде во длабочината. Но сепак се трае толку кратко, и потоа и сонцето повеќе не те сака и тоа си оди, се чуствуваш изневерено, но надежта постои дека и дома постои некој што ќе те сака повеќе и од сонцето, повеќе и од езетото, повеќе од самата себе што се сакаш. Со последните сили ги соблекувам чевлите и единствено на што мислам е каде да седнам. Терасата е иделното место, а мојата завист пак ме фаќа за гуша. Облаците доаѓаат од Албанија, утре ќе врне, не нема да врне, ама на вестите така кажаа, па што знаат тие?!?!? Ви реков дека не знаат, сонцето и облаците ги избрка од себе. И секое чудо за три дена, после нив три дена за тие три дена и потоа како ништо да не се случило, остануваат последиците само на кожата, изгорениците на задникот, спомените во градите и времето да покаже кога е следната средба. Уште колку колку кутии со цигари треба да се потрошат, колку насмевки да се споделат, колку цад да се изголта за да се чувствуваш повторно така, толку милувано и сакано, толку “глупаво”. Ах коолку го обожавам филозофот во мене, го обожавам толку колку што другите го мразат, колку што би сакале пак да бидам Шекспир, но за тоа ќе почекаат некои подобри времиња. А каде е трагедијата во се, таа доза на трагедија присутна во целото скромно мое творештво, тука е постои, постои во него, постои во моето срце заклучена, а клучот клучот го оствив некаде во длабочината на езерото, само тој и јас знаеме каде е.

Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на “Облаците доаѓаат од Албанија, утре ке врне!“: Ана Велева
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!