Дали мислите дека е можно да направите прекин во “живеењето”, без притоа да умрете? Еден млад живот не е ништо повеќе од филмска лента со врзани слики, некогаш црно-бели некогаш во боја, можеби стар филм со прости движења и невини звуци. Но, никогаш преисполнет со детали… Дали некогаш сте изгубиле нешто или некого? Дали некогаш сте се изгубиле себе?
Дали некогаш сте избледеале пред самите себе? Дали за тоа бил виновен некој сосема случаен дожд, кој со секоја падната капка од вашето чело или вашата брада земaл дел од вашата “боја”?
Знаете, понекогаш се случува да се скине филмската лента. И тогаш бело…па белото и не е така убаво кога стои само. Останувате загледани во белиот ѕид за проекција слушајќи го остриот звук на прекината филмска лента како удира вртејќи се во бескраен круг, штрак, штрак, штрак… Небаре некој непрекинато ве фотографира. Погледнувате во белиот ѕид, па не се појавува ниена фотографија. Или почекајте, ако се задлабочите во призорот можеби и има нешто, тоа нешто е всушност тоа што останало од вашиот таканаречен живот. Има и некои чкрапаници, или тоа е само пустата желба за да видите нешто. Не возбудувајте се залудно, подсвеста си поигрува со вас. Се прашувате, зарем ништо не останало?
Каде се боите, каде ли се моите чувства…? Остриот звук не престанува, повторувачкиот удар замирисува на нешто, но што ли е тоа. Не ми е познат мирисов. Чекајте, знам! Мириса на бездушност. Мојата слика излитена, непозната, не ја сакам. Вратете ми ја бојата во мојот живот!
Не помислувате дека е можно да сте ги потрошиле боите, да сте ги потрошиле чувствата? Правите последни обиди да насликате нешто. Стругате по празната палета, си помислувате: Има барем уште малку! Сликате со брзи потези, знаете дека и тоа што ви преостана ќе се исуши, ќе испари. Од тука е миризбата на бедушност – безбојност. Немате време, се повредувате со напорните удари на четката во палетата, потекува крв. Се радувате, нов начин за добивање црвена боја. Но, залудно потекува безбојност, која само што ќе го допре воздухот испарува во гладната бездушност. Заборавате на платното. Избезумено сликате по вашата материјалност, вашето тело. Си велите: Можеби нема да насликам слика, но нема да дозволам да избледеам.

Па добро, кој се замислувате дека сте!
Ѕидот е бел, платното е бело, а вие? Вие сте само еден лошо насликан АКВАРЕЛ!

Автор: Мики Џога Костов
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!