Колку пати сте се запрашале зошто не можете да си најдете момче/девојка? Дали привлекувате само слатки момци/девојки кои немаат намера да останат во врска? Што не е во ред со денешните луѓе? Денеска има сè повеќе луѓе кои не сакаат врски.

Ако и вие го имате истиот проблем, понекогаш размислете. Можеби не станува збор за лош избор, туку можеби проблемот се крие во вас. Законот за причини и последици вели дека секоја последица е предизвикана од специфична причина. За почеток, анализирајте ги сопствените резултати во минатото. На пример, тоа што привлекувате само несериозни момци/девојки е последица, а вие треба да ја најдете причината за тоа.
Не сте доволно посветени во пронаоѓањето на постојан партнер, а за тоа не сте свесни
Со други зборови, можеби е посилна вашата потсвесна желба да останете сами. Запрашајте се што добивате од нерешениот статус и дали сте подготвени да се откажете од него за да започнете сериозна врска.
Потребно е брзо решение за вашиот љубовен живот
Партнерите „за една вечер“ нема да ги исполнат вашите желби. Тие секогаш ќе го зборуваат тоа што вие сакате да го слушате, но тоа е исклучиво поради воспоставување на таа „инстант“ врска. Ако престанете да се поставувате очајнички, ќе престанете да привлекувате момци/девојки кои ќе сакаат да го искористат тој момент.
Се плашите од интимност
Сексуалната интимност е лесна, но емоционалното зближување е тоа што вас ве плаши. Затворете ги раните од минатото и заборавете на оние кои ве повредиле. Морате да прифатите одговорност ако навистина сакате да се промените. Не губете време обвинувајќи ги другите и соочете се со своите проблеми и емоции. Кога ќе успеете да ги отстраните препреките во сопствениот ум, ќе ја пронајдете љубовта која искрено ја заслужувате.

Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!