Top
zaednicki-zivot

Знаци кои покажуваат дека сте подготвени за заеднички живот

Одлуката за заеднички живот е голем чекор во животот на паровите. Морате добро да размислите пред да се впуштите во таа авантура. Овие пет знаци јасно ќе ви покажат дека веќе сте подготвени да живеете заедно со вашиот партнер.

Имате исти причини
Пред да започнете да живеете заедно, вие и вашиот партнер треба да разговарате за вашите цели и иднината која ја гледате пред себе. Многу е важно вашите размислувања да се совпаѓаат со оние на вашиот партнер. Ако дознаете дека немате исти цели, причини и размислувања, можеби подобро е повторно да ја разгледате таа одлука.

Не чувствувате притисок
Голема е разликата помеѓу тоа да чувствувате притисок за да се вселите со вашиот партнер и вселувањето да е точно она што вие го сакате. Ако не сте апсолутно сигурни дека ова е најдобриот чекор за вашата врска, тогаш следете ги вашите инстинкти и почекајте со донесувањето на оваа важна одлука.

Сте летувале заедно
Пред да започнете заеднички живот, најверојатно сте биле заедно на некој одмор. Без оглед на тоа за какво патување или одмор станува збор, тогаш сигурно многу сте научиле еден за друг. Ако успешно сте ги поминале тие заеднички денови, големи се шансите дека сте спремни за заеднички живот.

Го почитувате просторот на другиот
Само затоа што живеете заедно, не значи дека секој момент треба да го поминете во заедничко друштво. Секако дека уживате еден со друг, но треба да ги препознаете сопствените потреби и да одвоите малку време и простор за себе. Вашиот партнер ќе го почитува тоа, а и вие исто така ќе ги почитувате и неговите одлуки.

Знаете како да се справите со кавгите
Кавгите се составен дел на секоја врска. По одредено време, вие и вашиот партнер сте пронашле добар начин како да се справите со кавгите во вашата врска. Паровите кои се спремни да се вселат заедно се доволно зрели да знаат дека не мора секоја кавга да биде катастрофална.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>