Top
rezerva_iLike.mk

Знаци кои покажуваат дека сте му само „резерва“

Сигурнo и вие сте имале некој кој ви бил резерва, дури и ако можеби тоа било ненамерно. Мислиме на моментот кога некој ви се допаѓа, сакате да сте со него и го држите во неизвесност, но сепак повеќе ви се допаѓа некој друг. Сигурно ви се случило и обратното – вие да сте нечија резерва и знаете колку е лошо чувството кога очајно чекате нечиј повик. Следниве знаци покажуваат дека сте му само „резерва“ и не си дозволувајте ова да трае предолго!

Ви се јавува да се видите во последен момент
Последен момент значи кога е веќе излезен со пријателите, па можеби му станало здодевно и решил да ви се јави. Никогаш не одвојува посебно време за вас, што воедно значи дека не го почитува ниту вашето време.

Никогаш не се сигурни за плановите
Кога и да го поканите некаде или пак предложите да правите нешто заедно тој ќе ви рече: „Па добро. Ќе видиме.“, „Веројатно ќе одиме.“ и слично. Ова се случува затоа што тој веројатно чека некој друг за „поинтересен“ план, па ако тоа не испадне, секако ќе дојде со вас, но за тоа ќе ве извести во последен момент.

Ентузијазмот за дружење со вас постојано му се менува
Еден ден едвај чека да ве види, а другиот ден одеднаш ви ги откажува сите планови. Ова се случува затоа што најверојатно ни тој самиот не знае што сака. Можеби и тој е нечија резерва па и неговите планови се менуваат не по негова желба.

Ви испраќа измешани знаци
Ќе ви рече дека навистина му се допаѓате, но дека во моментот не сака ништо сериозно. Веројатно и двете работи се вистинити, но за вас ќе биде тешко доколку навистина ви се допаѓа и сакате подобро да го запознаете.

Постојано се јавувате и пишувате прва
Кога некој навистина ви се допаѓа секако дека ќе му пишете или ќе се јавите да прашате како е и да му предложите план за средба. Но, доколку забележите дека секогаш вие прва го правите тоа, тогаш размислете повторно за ситуацијата.

Не сака да зборува за тоа дали се гледа со некоја друга
Кога и да започнете ваков разговор тој станува нервозен и ја менува темата. Ова не значи дека со сигурност има некоја друга, но сепак ви дава знак дека не сака обврска и не сака премногу да знаете за неговиот личен живот.

Постојано сте под стрес заради него
Постојано го чекате крајот на вашата таканаречена врска. Секогаш кога нема да одговори на вашата порака подолго од еден час си мислите дека е крај или пак секогаш мислите дека ќе ви рече да останете само пријатели.

Бидете искрени и отворени и прашајте го сè што сакате, затоа што многу врски завршуваат лошо само поради погрешни претпоставки.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>