Top
par

Знаци кои покажуваат дека се заљубувате во неа

Ако ви се појавиле нови чувства, ако таа постојано е во вашите мисли, со насмевка се присетувате на нешта кои ви ги кажала таа, пријателите забележуваат позитивна промена кај вас едно е сигурно – се заљубувате.

Почнувате да ја заборавате поранешната девојка
Претходно сте имале долга врска која сте мислеле дека нема шанси да ја преболите, а причината за крај сте ја барале кај себе. Откако се појави оваа девојка во вашиот живот, ниту сте помислиле на поранешната, ниту пак сте помислиле што прави таа. Оваа нова девојка донела толку многу возбуда и среќа во вашиот живот, што на друга и не помислувате.

Постојано мислите на неа
Вашата прва и последна мисла во денот и припаѓа неа, постојано ја мислите и копнеете за неа кога не сте заедно. Тогаш, нема сомнение дека се заљубувате во неа.

Воопшто не ви пречат нејзините навики
Секоја жена има свои специфични и многу пати детинести навики, но вам не само што тоа не ви смета, туку и ви изгледа симпатично.

Се грижите за неа
Важно ви е што таа сака и се трудите да ги задоволите нејзините желби и потреби. Се грижите за нејзините желби и потреби, важно ви е што таа сака, што ѝ пречи. Сакате да ја гледате насмеана и весела. Се вознемирувате ако таа има лош ден, сакате да исчезнат сите нејзини грижи.

Има посебна хемија помеѓу вас
Секогаш кога се наоѓате во нејзина близина блескате, треперите, чувствувате трпки по телото кога ќе ве допре. Ако наведените телесни симптоми на поврзаност се надополнуваат и со слични сфаќања, желби и интереси, на сигурен пат сте кон сериозно заљубување.

Воопшто не забележувате други девојки
Откако таа постои во вашиот живот речиси и не ги забележувате другите девојки околу вас. Повеќе не обрнувате внимание на долгоногите девојки кои до пред извесно време ви беа слабост. Оваа девојка го задржува целото ваше внимание.

Сакате да го поминувате своето време со неа
Нема ништо подобро за вас од времето поминато во нејзино друштво. Сè што посакувате е да бидете покрај неа.

Би направиле и компромис
Немате ништо против да ги исполните нејзините желби, па дури и ако тоа значи цела вечер да гледате романтични филмови со неа наместо да одите на пиво и фудбал со пријателите. Желбата да бидете со неа е посилна од сите останати.

Таа ви станува приоритет
Пред да ја сретнете вие сте биле непоправлив зависник од работа. Откако таа е во вашиот живот, работните активности повеќе не ви се приоритет, а таа ви е поважна од сите ваши обврски и задолженија.

Размислувате за иднината и таа е дел од неа
Секој од нас поретко или почесто размислува за својата иднина, планира, организира одредени идни активности. Одеднаш таа се наоѓа во сите ваши идни планови и не можете да ја замислите својата иднина ако таа не е дел од неа.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *