Ако кога сте сами со партнерот, во неговиот или вашиот дом или пак додека сте на летување, ја оставате вратата од бањата отворена за да се шегувате со него додека сте голи, тоа значи дека официјално сте во „комфорната зона“. Најновите истражувања велат дека врската влегува во оваа зона на 11 месеци и 24 дена. Во ова истражување учествувале 2000 двојки и утврдиле дека им била потребна речиси една година за да се навикнат на споделување на животот и животниот простор со партнерот. Следниве знаци покажуваат дека веќе се наоѓате во таа зона и дека вашата врска е стабилна.
- Не се шминкате.
- Не ја заклучувате вратата од бањата.
- Седите по пижами по дома.
- Не ги депилирате нозете/лицето постојано.
- Облекувате неатрактивна долна облека.
- Ја перете неговата/нејзината долна облека.
- Дозволувате да се грижи за вас кога сте болни.
- Се чувствувате слободно да заплачете пред него/неа.
- Го посетувате неговото/нејзиното семејство.
- Му/и ги давате клучевите од својот стан.
- Mожетe да водите опуштен разговор додека сте голи.
- Ги знаете сите негови/нејзини ставови во бракот и за децата.
- Отворено зборувате за вашите здравствени проблеми од минатото.
- Зборувате за вашите бивши.
- Се бричите пред него/неа.
- Се туширате заедно.
- Одите на шопинг заедно.
- Си подготвувате оброк за работа еден на друг.
- Го/ја нарекувате со милозливо име.
- Ја оставате облеката еден кај друг.
- Разговарате за своите табуа.
- Си ја завршувате реченицата еден со друг.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!