Top
vo-krevet

Знаци кои откриваат дека е лош во кревет

Чинот на запознавање во креветот е исклучително сензуален чин. Постојат знаци кои може да ни помогнат да го најдеме вистинскиот партнер, кој ќе нѐ задоволи и ќе ни овозможи незаборавно искуство. Ова се најчестите знаци кои откриваат каков е тој во кревет.

Бакнеж
Францускиот бакнеж е вистинска игра на заведување и многу лесно може да го разоткрие добриот љубовник. Грешките во бакнувањето на почетокот на врската се дозволени, но удирањето на забите во текот на бакнежот никако не смее да се случи. Таквиот бакнеж говори за неумешен маж кој не знае што треба да прави за вас, ниту пак како да ве задоволи. Премногу сочен бакнеж проследен со неконтролирано плеткање на јазикот открива маж кој е неискусен, а кој едвај чека да стигне до целта.

Допир
Допирите, исто како и бакнежите, се вовед во фазата на запознавање кои говорат многу за вашиот потенцијален партнер. Наглите и премногу чести допири во почетната фаза не се добар знак. Таквиот маж е себичен и посесивен и своите потреби ги ставил пред вашите. Немањето никаков физички контакт е уште еден лош показател. Тоа може да значи дека е срамежлив, што до некаде би може да биде симпатично и таинствено, но од друа страна ќе се плаши да истражува и сѐ ќе чека од вас.

Предигра
Првиот секс е преполн со страсти и секогаш е посебен, а предиграта може да открие многу. Ако партнерот го започне сексуалниот однос без никаков вовед, како „напален“ тинејџер, тоа укажува на неискусен и површен маж кој никогаш нема да ги задоволи вашите потреби. Со авантуристот кој со првиот бакнеж почнува да бара од вас чудни нешта треба да бидете внимателни. Убаво е тој да е отворен и расположен за нови искуства, но не мора тие да се случат баш првиот пат.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>