Корпа преполна со рози, букет или само една… розите секогаш биле пречекувани со восхит од страна на девојките и жените.
Откријте каква порака се крие зад бојата на розата која ја добивате.

ЦРВЕНА РОЗА: Љубов и романса
Еден од универзалните симболи за љубов е црвената роза. Таа претставува искрени чувства, но се јавува и како политички и иториски симбол. Како и да е, црвената роза секогаш е знак на искреност и љубов.
ЖОЛТА РОЗА: Пријателство и радост
Жолтата боја асоцира на Сонцето. Жолтите рози имаат задача да ги расположат луѓето. Тие се индиректна порака за платонска љубов, но без романтичен предзнак. Жолтата роза претставува радост и задоволство.
РОЗЕВА РОЗА: Благодарност, љубов и восхитување
Розевата боја е во конотација на елеганцијата, милоста, поетичноста и романтика. Темните нијанси на розева се одраз на благодарност, тие се традиционален начин да кажете некому “Ти благодарам!” преку цвет. Светлата розева се толкува како симпатија и воодушевување.

ПОРТОКАЛОВА РОЗА: Желба, ентузијазам и страст
Тие се израз за фасцинирање, буквално ко да велат “Горд сум со тебе!!”. Портокаловите рози се доследен микс на жолта и црвена, и по боја и по значење.
ВИОЛЕТОВА БОЈА: Љубов на прв поглед, магија и воздигнување
Виолетовата е кралска боја. Доколку добиете роза со вилетова боја можете да бидете сигурни дека вашиот партнер мисли сè најубаво за вас и ве воздигнува.
БЕЛА РОЗА: Невиност и симпатија
Порано розата со бела боја била симбол за вистинска љубов, но денес најчесто се употребува за изработка на бидермаери. Белата претставува единство, чистота, радост за нова љубов. Белата роза е поврзана со честа и почитувањето.

Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!