Top
ljubov sreka

Зборови кои среќните парови ги изговараат секој ден

За една врска да биде успешна треба да се трудите и да вложувате во неа. На љубовната среќа ѝ е потребна поддршка во облик на правилна комуникација помеѓу партнерите, а во нејзиното остварување може да помогнат неколку зборови и фрази.

„Ние можеме да го решиме тоа!“
Зборот „Ние“ е клучен успех за една врска или брак. Упатува на тоа дека себеси и партнерот се доживувате како ти и дека заедно ќе ги решите евентуалните проблеми. На тој начин полесно ќе се соочувате со проблемите кои се неизбежни во секоја посериозна врска.

„Луд/а сум по тебе!“
Убавите мисли за партнерот вообичаено ги задржуваме во себе, но треба да ги поделиме со него. Ако сте горди на своето момче бидејќи добил унапредување на работното место, кажете му го тоа јасно и гласно. Ако во одреден момент сопругот ви изгледа особено згоден, посочете му го тоа, со заводлив поглед. Секој од нас сака повремено да слушне поради која причина другата половина нѐ цени и сака.

„Ти благодарам!“
Најсреќните парови знаат дека големата тајна за љубовната среќа се крие во малите нешта. Не заборавајте дека „Благодарам“ е магично зборче со кое во секоја ситуација даваме признание за нечиј труд и залагање.

„Само напред, ти можеш!“
Оваа реченица е едноставна, но носи силна порака – со тебе сум, верувам во тебе и те заштитувам. Тоа е она што секој од нас сака да го слушне и почувствува кога прави нови чекори.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>