Добриот секс е едно од најважните нешта во една врска, па затоа не е ни чудно што некои луѓе ги трпат останатите проблеми само заради повремени физички задоволства.

Пред да се одлучите да останете во врска само поради секс, треба да се запрашате:
Дали сте среќни?
Прво и најважно е да бидете задоволни со својот живот. Ако сексот е нешто што вам многу ви значи и е доволен за да се чувствувате исполнето, нема причина да се сомневате во својата одлука да останете во врска.
Дали вашата врска од самиот почеток е чисто физичка врска?
Ако вашата врска од самиот почеток се засновала на физичко задоволство, но чувствувате дека повеќе не сте среќни, тоа значи дека сте созреале како личност и дека сега очекувате нешто повеќе.

Дали вашата врска започна како емоционална врска?
Ако одговорот на ова прашање е потврден, тогаш се наоѓате во незавидна позиција. Пoстојат бројни причини поради кои во некој момент сте посакале чисто физички однос. Можно е да минувате низ моментална криза, па во тој случај добар секс може да ви помогне.
Дали партнерот чувствува нешто за вас?
Ако сте во врска само поради секс, а вашиот партнер има многу подлабоки чувства, тогаш најправедно е да ставите крај на таквата ситуација. Останувањето во врска само поради секс е во ред, но само кога двете страни остануваат поради истата причина. Во спротивно, некој ќе биде многу повреден.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!