Top

Времето не постои

Од височината набљудувам две силуети,
а околу нив зрачи светлина.

Нивните тела се преплетени во делот на дланките,
а две срца стојат меѓу нивните гради.

Ветрот е топол,
сè наоколу не постои.

Сите луѓе околу нив се само сенки,
нивните чекори се замаглени,
а звуците безшумни.

Се љубат… времето не постои!

Зрачи светлина околу нив, ме заслепува.


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Времето не постои” : Бренда Бочварова

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *