Top
karanica

Знаци кои велат дека е време за раскинување

Секојдневно сме сведоци на лоши врски и бракови. Луѓето имаат многу причини поради кои не сакаат да го прекинат таквиот однос и кои им се чинат доволно добри да продолжат заедно. Кога станува збор за вистинската среќа никој не би требало да се задоволи со малку.

  • Изолација
    Ако во некој момент почувствувате дека врската ве одделила од пријателите и семејството, нема простор за двоумење. Кога размислувате за тоа како поради обврските и времето посветено на партнерот потполно ги запоставувате своите блиски, тогаш постои проблем. Разговарајте со партнерот и обидете се да најдете компромис, а ако тој не е можен, време е да размислите за квалитетот на врската и дали вреди да продолжите заедно.

  • Притисок
    Чувството кога некој ве принудува да правите нешто против своја волја не е измислица. Повеќето жени обично се подготвени да попуштат и да направат компромис, но кога тоа веќе станува притисок, време е да се размисли за своите и за постапките на партнерот. Без оглед дали станува збор за уцени или закани или пак префрлување на вината, тоа значи дека постои проблем кој нема да исчезне, туку напротив постојано ќе се зголемува.

  • Психичка состојба
    Врската би требало да биде физички и психички одмор, а не притисок и стрес. Ако знаете дека одредени околности ќе предизвикаат лутина кај вашиот партнер, а вие поради тоа ќе чувствувате страв и непријатност, време е да размислите за вашата врска. Не постои ситуација или случување кое може да оправда било какво физичко или психичко насилство и за тоа мора да бидете свесни.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>