Top

Тестирајте ја вашата врска

Две личности може да бидат совршени во своите индивидуални животи, но тоа не значи дека би функционирале перфектно и како двојка. Пред да донесете голема животна одлука, важно е да се тестира врската во која сте стапиле. За успешен брак е потребен совршен спој на доверба и компатибилност. Затоа, прочитајте неколку идеи кои ќе Ви помогнат да го запознаете подобро Вашиот партнер.
Долго патување: Заедничкото гледање телевизија може да биде лесно и забавно, но кога две лица патуваат со автомобил, едноставно не може да уживаат доколку не се компатибилни еден со друг. Патувањето кое трае со часови е вистински предизвик за една двојка. Изборот на музика, договарањето каде да застанете, се мали нешта кои покажуваат како овие две индивидуи би функционирале во одредена ситуација. Ако можете да уживате молчејќи заедно, тогаш лесно можете да „пловите“ низ целиот живот.
Прашалник: И двајцата смислете по 20 прашања кои ќе си ги поставите еден на друг. Тоа може да биде на пример, која Ви е омилена боја, што мислите за бракот, што најмногу Ве нервира и слично. Ова е најдобар начин да процените колку добро се познавате еден со друг. Повеќе позитивни поени ќе додадат уште повеќе години во Вашата врска.
Патување со пријателите: Треба да имате доверба во Вашиот партнер, и кога заминува на патување со своите пријатели, а не со Вас. Ако не можете да развиете доверба при ваква ситуација, тогаш може да се случи голем пресврт во Вашата врска.
Период без секс: Сексот е емоционален допир на секоја врска. Се разбира дека физичка блискост е потребна, и штом почнете редовно да водите љубов, пожелно е да направите временска апстиненција од тој чин за да дознаете дали тоа е вистинско уживање или пак само минлива страст. Откажете се од сексот еден месец и набљудувајте како ќе се однесувате еден кон друг. Така ќе ги спознаете чувствата што ги имате еден кон друг.




1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>