Top
Dolga-vrska-iLike-mk

Tajни на паровите кои остануваат засекогаш заедно

Паровите кои остануваат засекогаш заедно имаат одредени навики и нешта кои ги прават еден за друг.

Не заборавајте да се прашате еден друг како ви поминал денот
Овој гест рутински го правиме, но не ја смалува неговата вредност. На крајот на денот, дури и ако имате чувство дека на никому не му е грижа што сте правеле, знајте дека на вашиот партнер му е.

Кавгите понекогаш се само кавги, а не причини за прекин
Може да се случи истовремено да бидете лудо заљубени и лудо лути на својот партнер. Кавгите не можат да означат крај. Паровите кои остануваат заедно наместо конфликт ќе изберат врска.

Прифаќаат дека со врската доаѓаат и обврските
Можеби со партнерот не сакате да правите се што тој сака (работни вечери или следење на спортски настани), но знаете дека ќе го усреќите и затоа се согласувате на сите обврски. Паровите кои остануваат заедно до смрт ја знаат важноста на заедничкото време, спонтаните чинови и двата магични збора – „Те сакам.“

Знаат дека малите изненадувања значат многу
Купете му го омиленото чоколадо или пак згответе му ги омилените тестенини и изненадете го кога ќе се врати од работа. Тоа ќе му покаже дека мислите на него дури и кога ги извршувате досадните секојдневни обврски.

Секогаш наоѓаат време еден за друг
Некои повици морате да ги одбиете како би поминале повеќе време со своите партнери. Само затоа што календарот ви е празен не значи дека веднаш морате да прифатите на сите планови кои другите ќе ви ги предложат. Животот е краток, искористете го слободното време и за партнерот.

Најдобра одбрана се на својот партнер
Ако некој каже нешто лошо за вашиот партнер во поголемо друштво, исправете го. Јавно искажувајте поддршка на својот партнер дури и ако сте личност која не сака да исправува неточни наводи и да привлекува на себе внимание.

Спонтани се
Одржете ја радоста во врската со спонтани знаци на доброта, внимание и почитување. Некогаш е добро да заборавите на плановите и едноставно да уживате во животот со полни гради. Дали сте за прошетка, одење на кино или вечера во омилениот ресторант?




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>