Жените сакаат разговори на сите теми, а особено сакаат да зборуваат за своите емоции и ставови. Но, постојат нешта кои една жена никогаш не смее да му ги каже на својот партнер.
„Со бившиот го правевме истото.“
Дури и кога станува збор за позитивна споредба и пофалба, вашиот партнер не сака да слуша за вашиот поранешен партнер, никогаш и ништо. Ставете се на негово место и размислете како би се чувствувале вие доколку ве споредуваат со некоја поранешна. Со таков коментар не само што ќе поткопате неговата самодоверба, туку и ќе оставите впечаток дека сеуште сте загреани за поранешниот партнер.
„Марија е трудна, но псссст… не смееш никому да кажеш.“
Нема потреба да го заморувате партнерот со туѓите тајни. Доколку се открие тајната, личноста која ви ја кажала истата ќе ви се лути вам, а не нему.
„Кога ќе се земеме?“
Кога имате среќна и исполнета врска сосем нормално е да мечтаете за совршена венчавка и прекрасно бебе кое ќе биде плод на вашата љубов. Мечтајте, но тоа нема потреба да му го кажувате на својот партнер. За такви теми се зборува дури кога сте двајцата сигурни во вечноста на вашата љубов.
„Ништо не ми е!“
Изразот на вашето лице кажува сè. Доколку на секое негово прашање одговарате со повишен тон, не можете да го убедите дека не ви е ништо. Пасивната агресија нема да ви помогне, туку напротив ќе создаде нови проблеми. Едноставно кажете што ви смета или што ве мачи.
„Убава е?“
Ако го поставите ова прашање за некоја девојка и тој одговори дека е убава, следува прашањето „Поубава е од мене?“. Ако одговори „Не“, а премногу е очигледно дека е убава, тогаш ќе се запрашате како може да не му се допаѓа толку убава девојка и каков е тој негов вкус. Затоа, едноставно не прашувајте!
„Другарите/семејството ти се катастрофа!“
Воопшто не е препорачливо да изразувате одбивност кон неговото семејство и пријатели, кои му се драги луѓе, кои ги сака и без кои не би можел да живее. Ако некој од тие луѓе не поднесувате, немојте отворено да изразувате непријателство.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!