Секако дека не постои пар кој не се расправа, но постојат расправии и расправии.
Запомнете со кого се расправате
Станува збор за вашиот партнер и секогаш обидете се да ја разгледате неговата ситуација. „Полесно е да се биде сочувствителни кога ќе се сетите дека тој се грижи за вас, иако ви е лут”, вели терапевката, Кери Кол.
Прифатете го гестот за смирување
Кога среде жестока расправија, вашиот драг покрај неговата ја полни и вашата чаша со вода, вдишете длабоко и дозволете тој акт малку да ве смири. Кога еден од вас ќе го разоружи другиот, тоа е можност жарот да се смири пред да се разгори пламенот.
Бидете пример
Спуштете го штитот и покажете му како изгледа кога еден од вас го зема во предвид мислењето на другиот. Овој чин функционира многу подобро од оној во кој набројувате зошто не е во право. „Смирено објаснете му дека неговиот став влијае врз вас”, советува Кол.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!