Една врска за да биде успешна мора да има компромиси. Тоа не значи дека треба да се помирите со судбината и да заборавите на сите свои потреби. Секоја жена заслужува човек кој ќе ја сака и почитува и кој ќе биде подготвен на одредени постапки за да ја усреќи.
КУПУВАЊЕ НА ПОЛНОЌ
Можете да бидете сигурни дека покрај себе го имате вистинскиот маж ако тој е подготвен и ноќе да отиде до најблиската отворена продавница на пример за да ви купи влошки или тампони. Не само што не му е проблем да ги купи, туку и е свесен колку брзо треба да го направи тоа.
ПАМТИ ДЕТАЛИ
Не мора да ги чита вашите мисли, ниту да биде врвен готвач, но треба да знае што сакате. После долг и напорен работен ден тој ќе ве изненади со вашето омилено јадење од ресторан и без прашање ќе ги наточи чаша вино.
ОПУШТЕНИ ПРЕД ТЕЛЕВИЗОР
Чувајте го покрај себе оној маж кој мисли дека саботното излегување е подеднакво забавно како и одмарањето пред телевизор со некој филм. Жените сакаат да се дотераат и да излезат навечер, но кога не им е до ништо, сакаат само да лежат во удобни пижами, во прегратката на својот партнер.
ПОДЕЛБА НА ДОМАШНИТЕ ОБВРСКИ
Живееме во 21-ви век и чистењето, готвењето и перењето не се исклучиво женски обврски. Ако вашиот партнер самоиницијативно се понуди да ги измие садовите после вечера, знае да уклучи правосмукалка, тогаш вреди да го имате покрај себе.
ДОБАР СЕКС
Неговото тело предизвикува страст и ужување кај вас. Имате право понекогаш да кажете дека ве боли глава, но исто така заслужувате водење љубов кое ќе ви овозможи неверојатен оргазам. Освен тоа, сигурно ги сакате страстните допири рано наутро или доцна во ноќта.
ИСТИ ИНТЕРЕСИ
Партнерот не треба да биде машка верзија од вас, но добро би било да има некој од вашите интереси или едноставно само да ви угоди. Нему не треба да му претставува проблем да дојде со вас на ноќна прошетка или пак да ве придружува на подиумот.
ПОСВЕТЕНОСТ НА ВРСКАТА
Заслужувате партнер кој е свесен за вашите добри и лоши страни. Колку повеќе се смее на вашите шеги, толку почесто сака да биде во ваше друштво и не размислува за други жени. Тој е комплетно посветен на вашата врска.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!